Реал Мадрид најде резерва во Каталонија ако остана без Халанд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира следното лето да се засили со неколку фудбалери, а во моментов работи и на трансфер на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Доколку не го добие Халанд, Реал ќе тргне по друг напаѓач, а станува збор за 27-годишниот Раул Де Томас кој во текот на кариерата играше за „кралевите“.

Де Томас беше дел од Б и Ц тимот во период од 2014 до 2019 година, но никогаш не доби шанса во првиот тим.

Халанд има желба да се пресели во Манчестер сити, а притоа Реал Мадрид веќе тргна по други потписи и ќе има големи финансиски трошоци ова лето, па доколку не го добие Норвежанецот, тогаш како опција се споменува Де Томас.