Реал Мадрид најде замена за Азар: Перез сака фудбалер од Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на ѕвездата на Тотенхем, Хеунг-Мин Сон кој треба да биде замена за Еден Азар.

Тренерот Карло Анчелоти наводно нема ништо против да го види Кореецот во својот состав, затоа што крилниот напаѓач игра во одлична форма веќе неколку сезони.

Сон треба да биде замена за белгискиот репрезентативец Азар кој не добива шанса кај Анчелоти затоа што се покажа како големо промашување по доаѓањето во Мадрид.

Кореецот има договор со Тотенхем до 2025 година, но Реал нема време да чека три години, па сака да го ангажира уште следното лето, но дефинитивно Флорентино Перез ќе мора да даде многу пари за потписот на Сон.