Реал Мадрид најде замена за Бензема!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема игра одлично во изминатиот период за Реал Мадрид, но шпанскиот гигант е подготвен да му најде замена.

Иако со шпанскиот тим се поврзуваат напаѓачи како Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, сепак Флорентино Перез се решил да го земе Роберто Фирмино од Ливерпул.

„Ел Насионал“ пишува дека „кралевите“ се подготвени да му понудат договор на Фирмино, кој има договор до крајот на сезоната.

Претседателот на Реал Мадрид е возбуден поради Фирмино и причината што може да го земе целосно бесплатно, па сака да го искористи тоа.

За потписот на Фирмино се заинтересирани и Барселона, Јувентус и Милан.