Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Постојано се шпекулира дека Серхио Рамос на крајот на сезоната ќе си замине од Реал Мадрид како слободен агент, иако во моментов е еден од најдобрите фудбалери на шпанскиот шампион.
Дефанзивецот не се договори за нова соработка и поради тоа Реал најверојатно ќе го загуби Рамос целосно бесплатно, а наводно „кралевите“ веќе пронашле замена за него.
„Марка“ пишува дека замената за Рамос е Пау Торес од Виљареал. 23-годишниот Шпанец се покажа како квалитетен дефанзивец и сигурно ќе биде големо засилување за Реал.
Откупната клаузула на фудбалерот изнесува 50 милиони евра, а како алтернативни решенија се споменуваат Давид Алаба од Баерн Минхен и Џулс Кунде од Севиља.