Реал Мадрид не ги дава ветераните – им нуди договори на тројца фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да им ги продолжи договорите на Тони Крос, Начо Фернандез и Лукас Васкез.

Медиумите пишуваат дека Флорентино Перез и Карло Анчелоти сметаат дека ветераните се од голема помош на помладите фудбалери.

Овие тројца имаат договори со „кралскиот клуб“ до 30 јуни, па Реал прави сè за да ги задржи барем до следното лето, во 2025 година.

Во моментов сите се расположени за продолжување на соработката, па наскоро треба да потврдат дека ги прифаќаат понудите од Реал Мадрид.