Реал Мадрид не може да смета на Марсело на реваншот во Лондон поради бизарна причина?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело би можел да го пропушти реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Челси во Лондон.

Причината за тоа е што треба да се одржат избори за Собранието во Мадрид, а фудбалерот на Реал по случаен избор е избран за еден од членовите на одборот.

Според шпанскиот закон, граѓаните кои се избрани не смеат да ја одбијат оваа функција, но секогаш имаат седум дена да испратат писмо со оправдана причина.

Засега Марсело не доби дозвола да замине во Лондон, зашто не сметаат дека полуфиналниот меч е поважен од изборите на 4 мај.

Пред речиси две години сличен случај имаше и екипата на Леванте, чиј голман Аитор Фернандез беше избран за член на одборот.