Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанските клубови неделава речиси сигурно ќе почнат со тренинзи, а продолжение на Ла Лига се очекува на почетокот на јуни.
Вонредните мерки во Шпанија се прекинуваат денеска, откако државата донесе одлука за намалување на мерките со што животот полека се враќа во нормала.
Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот се подобрува, па поради тоа клубовите се враќаат на тренинзи. Сите играчи во следните два дена ќе бидат тестирани, а потоа ќе се знае дали некој тим има проблеми.
Јасно е дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини до крајот на сезоната, а наводно Реал Мадрид нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“ за да ги намали трошоците за организација на натпреварите.