Реал Мадрид носи голема ѕвезда од Милано, и тоа – бесплатно!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид летово се засили со неколку фудбалери, меѓу кои еден е Антонио Рудигер кој си замина од Челси и како бесплатен играч потпиша за „кралевите“.

Реал сака на идентичен начин да ангажира и ѕвезда на Интер, а тоа е Милан Шкрињар, кој има договор со екипата од Милано до крајот на сезоната, а од јануари ќе може да води преговори со останатите тимови.

ПСЖ долго време се бори за потписот на Шкрињар, но не успеа да го договори, па сега во трката се вклучи и Реал кој гледа голема шанса да добие квалитетен фудбалер целосно бесплатно.

„Кралевите“ се подготвени да му понудат плата од 10 милиони евра на дефанзивецот, а Шкрињар сигурно не би имал ништо против да го засили шпанскиот првак.