Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да испрати понуда за позајмица до Лајпциг за нивниот одличен напаѓач Дани Олмо, кој е интересен и за Барселона и Манчестер јунајтед.
Каталонскиот медиум „Ел Насионал“ објави дека Реал Мадрид планира да го ангажира Олмо во јануари, иако ќе има голема конкуренција од останатите гиганти.
Олмо ја мина академијата на Барселона, „Ла Масија“, по што во 2015 година се пресели во Динамо Загреб и стана еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Овој 23-годишен фудбалер потпиша за Лајпциг во јануари минатата година и продолжи да воодушевува, па досега запиша 67 натпревари и притоа постигна 12 гола и 14 асистенции за германската екипа.
Напредокот на Олмо во Динамо Загреб и Лајпциг внимателно го следи и Барселона, која често се поврзуваше со негов трансфер, но засега нема ништо од тоа.