Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Реал Мадрид одлучи значително да го промени тимот за новата сезона. Покрај тренерот Чаби Алонсо, за сега тука се два нови имиња Трент Александер-Арнолд и Дин Хујсен, а завршува и работата околу Алваро Карерас. Сега дојде ред за засилувања во средниот ред и Кралевите тргнаа по Анџело Стилер од Штутгарт, и Нико Паз од Кома.
Реал Мадрид во новата сезона ќе изгледа значително поинаку. Флорентино Перез го отвори паричникот и засилувањата пристигаат како на лента.
Кралевите веќе го потпишаа Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, и Дин Хујсен од Борнмут, а при крај се преговорите со левиот бек на Бенфика, Алваро Карерас.
Одбраната со нивното доведување би требало да биде завршена работа, па Реал се насочува кон засилувања во средниот ред. Двајца играчи пристигнуваат на „Бернабеу“, а тоа се Анџело Стилер и Нико Паз.
„Реал Мадрид е подготвен да го разниша пазарот. Клубот тргна по Анџело Стилер и Нико Паз”, наведува „Марка“ и додава:
“Тони Кроос лично го препорача Стилер на клубот.”
Фото: Принтскрин