Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Реал Мадрид планира летово да купи суперѕвезда од Јувентус, а станува збор за младиот фудбалер Пауло Дибала, кој би можел да чини околу 100 милиони евра.
Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан сака по секоја цена да го донесе фудбалерот на Јувентус, а наводно е подготвен во спротивен правец да го испрати Иско за да ја намали вредноста на трансферот за 50 милиони евра.
Интересно е тоа што новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло пред речиси една година во разговори за медиумите кажа дека на „бјанконерите“ им треба играч каков што е Иско, па тоа сега се обидува да го искористи шпанскиот шампион.
Дибала има договор со Јувентус до 2022 година.















