Реал Мадрид нуди 40 милиони фунти за ѕвезда на Ливерпул


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Флорентино Перез планира да го засили Реал Мадрид на лето со цел да ја нападне титулата во Ла Лига идната сезона.

Едно од засилувањата треба да пристигне во одбраната, а станува збор за левиот бек на Ливерпул за кој ќе биде испратена понуда од 40 милиони фунти.

Перез сака да го добие потписот на шкотскиот репрезентативец кој е еден од најважните фудбалери на Ливерпул, па засега не е познато дали премиерлигашот ќе прифати 40 милиони фунти за трансфер или ќе побара повеќе пари.