Реал Мадрид нуди фудбалер плус пари за Кулибали!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид веќе има планови за следниот трансфер-период, во кој ќе се обиде да се засили во одбрана, а изборот на управата паднал на Калиду Кулибали од Наполи.

Сенегалскиот дефанзивец вреди 100 милиони евра, односно толку бара газдата на клубот, а „кралевите“ поради тоа што немаат толку многу пари, ќе се обидат на поинаков начин да го ангажираат.

Кулибали дефинитивно не е среќен во екипата од Неапол, а Реал Мадрид ќе се обиде да го искористи тоа и нуди 20 милиони евра плус Лука Јовиќ, на кого не смета сериозно.

Секако, тоа засега е далеку од барањата на Наполи, но дефинитивно е прв чекор во комплетирање на мисијата на „кралевите“.