Реал Мадрид одреди цена за Марсело


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Сантијаго Бернабеу ова лето сигурно ќе има заминувања. Меѓу играчите за чие заминување се шпекулира веќе со месеци е и Марсело.

Искусниот лев бек после заминувањето на Роналдо во неколку наврати изрази желба за заминување, меѓутоа со враќањето на Зидан работите се променија.

Додека во моментот е непозната дефинитивната одлука на Реал за иднината на одличниот Бразилец, Перез одреди цена за неговиот играч. Кој сака да го доведе искусниот играч кој наскоро ќе полни 31 година ќе мора да плати 60 милиони евра.

Марсело во Реал пристигна уште во 2007. година, па за 12 години одигра 480 натпревари и постигна 36 голови. Еден од најзаслужните играчи што Лос Бланкос освоија три последователни титули во ЛШ.

Во случај Марсело да замине, Кралевите планираат да го доведат Николас Таљафико од Ајакс. Аргентинецот експлодираше оваа сезона како и уште многу други фудбалери на тимот од Амстердам.