Реал Мадрид ослабен ќе го дочека Манчестер сити


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид доби лоши вести пред првиот дуел против Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампиони, откако стана јасно дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да биде подготвен за настап.

„Кралскиот клуб“ до последен момент се надеваше дека една од своите најголеми ѕвезди ќе успее да се опорави навреме, но тренерот Алваро Арбелоа и официјално потврди дека Мбапе нема да биде во комбинација за првиот натпревар.

Французинот во меѓувреме се врати на тренинзите со екипата, но неговата физичка подготвеност сè уште не е на потребното ниво за да настапи против англискиот шампион.

Првиот осминафинален дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити се игра утре од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.