Реал Мадрид откри кој фудбалер е заразен со ковид-19!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска објави дека има уште еден член позитивен на ковид-19, а сега откри и за кого станува збор.

Дефанзивецот Едер Милитао е фудбалерот на шпанскиот шампион, кој е позитивен на вирусот, а информацијата ја потврди клубот преку социјалните мрежи и официјалната страна.

Ова се дополнителни проблеми за тренерот Зинедин Зидан, кој ќе не може да смета на уште еден играч во дефанзивниот дел од играта, а го очекуваат тешки дуели против Интер во Лигата на шампиони и Валенсија во Ла Лига.