Реал Мадрид отпиша шест фудбалери поради финансиските загуби


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пандемијата на коронавирусот финансиски погоди многу европски клубови затоа што првенствата се прекинати речиси два месеци.

Клубовите се надеваат дека сезоната наскоро ќе продолжи барем колку-толку да се намали финансискиот удар и загубата на пари. Речиси сите клубови се погодени со прекинот насезоната, а меѓу нив и Реал Мадрид, кој важи за еден од најбогатите клубови во светот.

Шпански „АС“ објави дека „кралевите“ на лето ќе продадат неколку фудбалери за да ослобдат простор во буџетот за нови засилувања. Во Реал поради новата ситуација очекуваат загуба од 150 милиони евра, со што е загрозен буџетот за засилувања.

Поради тоа клубот планира да ги продаде Герет Бејл, Хамес Родригез, Мариано Дијаз, Лукас Васкез, а наводно ќе бидат продадени и Лука Модриќ и Марсело.