Реал Мадрид планира да му ја „удри клоцата“ на Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид долго време размислува за иднината на белгискиот репрезентативец Еден Азар, а „Ел Национал“ објави дека претседателот на тимот, Флорентино Перез е подготвен да го избрка фудбалерот од клубот.

Раководството на шпанскиот тим сè уште размислува за конечната одлука, иако набрзо би можела да биде донесена одлука за прекин на договорот со Азар, кој ретко добива шанса кај тренерот Карло Анчелоти.

Азар има договор до 2024 година со Реал и тоа е голем проблем за „кралевите“ бидејќи Белгиецот има голема плата, а воопшто не се покажа како квалитетно засилување по доаѓањето од Челси за 115 милиони евра.

Белгиецот оваа сезона настапи на пет натпревари за Реал, а притоа постигна еден гол и една асистенција.