Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тим Реал Мадрид е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, а ќе се бори и за пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ), додека претседателот на клубот, Флорентино Перез бара нови засилувања за следната сезона.
На листата со желби на Перез се наоѓа и фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд кој има договор со премиерлигашот до 2025 година.
Во моментов постојат преговори меѓу Ливерпул и Арнолд за нов договор, но очигледно тие не се одвиваат според планираното и тоа сака да го искористи „кралскиот клуб“.
Арнолд оваа сезона настапи на 29 меча и притоа запиша 10 асистенции.