До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид во неделата навечер славеше на „Месталја”, но сега во центарот на вниманието е незадоволниот капитен Дани Карвахал.
Иако целосно се опорави од повредата и веќе извесно време тренира со полн интензитет со остатокот од екипата, тренерот Алваро Арбелоа не му дава шанса да игра. Освен тоа, Арбелоа и Карвахал речиси не комуницираат, пишуваат мадридските медиуми, а во прилог на тоа е и снимката што ја загрижи мадридската јавност.
Имено, по победата над Валенсија, Карвахал на теренот зборуваше со новиот кондициски тренер, враќаниот Антонио Пинтус. Иако деталите од разговорот не се познати, Карвахал бил видно вознемирен поради фактот што не играл, а наводно бил затекнат кога при водството на Реал со резултат 1:0, шансата пред него ја добил Трент Александар-Арнолд кој впишал први минути уште од почетокот на декември.
“Она што го гледам е дека напредува од ден на ден. Нема потреба да објаснувам колку е важен за нас. Тој е референца за сите нас во Реал”, рече Арбелоа по натпреварот.
.📻‼️ Estas son las imágenes a las que hace referencia @antonmeana en el #CarruselCanalla
— Carrusel Deportivo (@carrusel) February 8, 2026
👀🩹 @javiherraez: “El cuerpo técnico ve que CARVAJAL tiene el alta FÍSICA, pero no el alta COMPETITIVA”
📹📍 Grabado por @GuillermoRai_ desde Mestallapic.twitter.com/sh4BgvbZPJ
















