Реал Мадрид подготвен да ги реши сите проблеми за само 110 милиони евра!?


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Вчера се слушнаа имињата на Трент Александар-Арнолд и Дин Хујсен, а денес – Мартин Зубименди!

Нападот е секако доволно силен и засилувања не се потребни, но средниот ред и одбраната бараат засилувања и Флорентино Перез ги презеде сите потребни чекори.

Денешната вест во Шпанија е дека Реал Мадрид ја презеде трката за потписот на Мартин Зубименди, кој до неодамна беше во завршна рунда на преговори со Арсенал.

Добро информирани шпански медиуми тврдат дека Реал почнал офанзива и дека во Мадрид се свесни дека им е преку потребно засилување во средниот ред.

Тони Крос се пензионираше, Лука Модриќ е на прагот на истото и затоа е прилично јасно зошто Зубименди изби на преден план.

Не треба да се заборави дека неговата откупна клаузула е поставена на 60 милиони евра, што за Реал не претставува проблем, исто како ни таа на Хујсен од 50 милиони во Борнмут.

Во превод, ако Трент Александар-Арнолд дојде како слободен, а Перез плати по 60 и 50 милиони евра за Зубименди и Хујсен, Реал ќе го реши летниот преоден рок пред неговиот почеток.

.