Реал Мадрид подготвил пари за Икарди, двапати можел да го купи, но Ванда му пресудила!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара се во центар на јавноста бидејќи таа објави порака во која порача дека фудбалерот ја изневерил.

Во меѓувреме беше откриено и со кого, па сега не е познато што ќе се случи со брачниот пар, кој соработува и на бизнис план.

Нивната врска како менаџер и фудбалер му оневозможила на Икарди да се пресели во Реал Мадрид во 2017 и 2018 година, а шпанска „Марка“ пишува дека тоа бил добар потег.

Реал Мадрид бараше замена за Карим Бензема, а најмногу им се допаднал Икарди, но поради Ванда и нејзините изјави на ТВ, „кралевите“ решиле да го купат Лука Јовиќ, кој не се покажа како најдобро засилување.

„Не можевме да го донесеме, не е тој виновен“, соопштиле од Мадрид.