Реал Мадрид подготвува „бомба“ во нападот, а не е Мбапе!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид има план да го ангажира Душан Влаховиќ, иако прв избор на „кралевите“ останува Килијан Мбапе.

Доколку „кралевите“ не го ангажираат Мбапе ова лето, тогаш ќе се обидат да го добијат потписот на Душан Влаховиќ од Јувентус.

Влаховиќ пред неколку дена постигна гол против Реал Мадрид и тоа ги натерало главните луѓе во клубот да размислат за негов ангажман.

Србинот игра за Јувентус веќе две ипол години, а досега постигна 23 гола на 63 натпревари.