Реал Мадрид поради вирусот има – сериозни загуби!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сите екипи во светот се соочуваат со финансиски проблеми поради пандемијата на вирусот, а имун не остана ниту Реал Мадрид, кој загубил повеќе од 100 милиони евра од приходите.

Шпанскиот шампион има загуба од 100 милиони евра, и без разлика на сите мерки кои беа преземани во претходниот период.

„Кралскиот клуб“ сезонава ќе има 617 милиони евра за трошење, односно 300 милиони евра помалку од планираното пред пандемијата, но финансиската криза им создаде големи главоболки.

Ова најверојатно значи дека нема да има посериозни трансфери следното лето, иако се најавуваше дека Реал ќе тргне по потписот на Килијан Мбапе. Сепак, доколку не продаде неколку фудбалери, тоа може тешко да се очекува.