Реал Мадрид прави тим за да ја покори Европа: Перез состави листа од можни засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид има успешна полусезона, па „кралевите“ се први во Ла Лига, а изборија и осминафинале во Лигата на шампиони (ЛШ) против ПСЖ.

„Кралевите“ играат моќно, но претседателот Флорентино Перез планира да ангажира уште неколку фудбалери во лето за да не може никој да го победи.

Италијанскиот специјалист за трансфери, Џанлука Ди Марцио објави дека норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд го избрал Реал Мадрид како следна дестинација.

Перез знае дека Карим Бензема нема да може уште долго време да игра на врвно ниво, па покрај Халанд, тој го сака и Килијан Мбапе, кој има договор со ПСЖ до крајот на следното лето.

Момчето на Ајакс, Рајан Гравенберх треба да го наследи Лука Модриќ, откако Реал се откаже од намерата да го ангажира Пол Полгба.

Во одбраната треба да пристигнат двајца фудбалери од Челси, а тоа се Антонио Рудигер, кој има договор со „сините“ до лето, како и Рис Џејмс, кој сигурно скапо ќе ги чини „кралевите“.