Реал Мадрид прави трансфер во „пет до 12“: Зидан добива фантастичен играч од Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид летово реши да се откаже од непотребните фудбалери за да заштеди пари и да тргне во напад на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд следното лето.

Сепак, шпански „АС“ пишува дека постои можност Реал Мадрид и Лион да се договорат во „пет до 12“ за Хусем Ауар. Тој беше голема желба на Арсенал, но францускиот тим постави цена од 50 милиони евра и не сакаше да попушти.

Сепак, Реал има „џокер“ во оваа игра затоа што „кралевите“ во Лион би го испратиле отпишаниот Мариано Дијаз и уште 20 милиони евра.

Нема сомнеж дека ова би бил важен трансфер за Реал, кој би добил квалитетен фудбалер за малку пари, а би требало да му плати и годишна плата од пет милиони евра.

„АС“ пишува дека не е исклучена можноста трансферот да се реализира и на зима, ако не биде договорен до крајот на денешниот ден.