Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Винисиус Жуниор одби две понуди од Реал Мадрид за потпис на нов договор. Ако тоа се случи и третиот пат, Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листа.
Винисиус Жуниор одби неколку понуди од Реал Мадрид за продолжување на соработката. Шпанците тврдат дека веќе два пати рекол ‘не’ на продолжувањето на договорот кој моментално трае до летото 2027 година.
Проблемот е во платата. Реал му нуди нешто поголема сума отколку што има во моментот (околу 20 милиони евра), додека Бразилецот и неговите агенти сакаат сума во рангот на Килијан Мбапе кој заработува 31 милион евра.
Реал наводно ќе се обиде уште еднаш. Indykaila News наведува како кралскиот клуб одлучил да го продаде Бразилецот ако овој повторно одбие продолжување на соработката.
Веќе постои и потенцијален купувач. Тоа е Ал-Ахли од Саудиска Арабија кој е подготвен да понуди 300 милиони фунти (350 милиони евра) за суперѕвездата.
“Ал-Ахли е во директни преговори со Реал Мадрид околу Винисиус Жуниор. Подготвени се да понудат 300 милиони фунти за оваа суперѕвезда”, се наведува.