Реал Мадрид прими четири гола од Сосиедад и испадна од Купот на кралот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид претрпе шокантен пораз од Реал Сосиедад кој ги надигра „кралевите“ на нивен терен и славеа победа со 4:3.

Со тоа Реал Сосиедад стана третиот полуфиналист во Купот на кралот и ќе има можност да се бори за финале во ова натпреварување по подолг период.

Сосиедад поведе со 1:0 во првото полувреме, а стрелец на погодокот беше играчот на Реал кој игра на позајмица во Реал, Мартин Одегард.

Потоа следеа уште два гола на Исак за шокантен резултат на „Сантијаго Бернабе“, 3:0 за гостинот.

Марсело го намали резултатот на 3:1, но потоа Мерино веднаш зголеми на 4:1. До крајот на натпреварот Родриго и Начо постигнаа два гола за Реал кој не успеа да стигне барем до реми на средбата.