Реал Мадрид разочаран поради новите лаги на Јовиќ за повредата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера објави дека Лука Јовиќ на тренинг го скршил стапалото и дека го чека долга пауза. Српскиот фудаблер пристигна минатото лето за 60 милиони евра, но во Мадрид не му оди.

Србинот пред еден месец беше на голем удар на јавноста кога на сам реши да го напушти Мадрид и да се врати во Белград.

Јовиќ пред неколку дена се врати во Шпанија, ги мина медицинските прегледи и тестирањето на коронавирусот, по што му се случи нов малер.

Иако се шпекулираше дека на тренинг го скршил стапалото, сепак тој бил повреден веќе некое време. „Марка“ пишува дека Србинот се повредил додека тренирал во Белград, но за тоа на никој не му кажал од медицинскиот тим на „кралевите“.