Реал Мадрид се обиде да направи размена на играчи со Арсенал


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Реал планираше да направи размена на играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) требаше да замине во Лондон, откаде во спротивна насока ќе се запутеше францускиот стопер Вилијам Салиба (24). Според информациите од шпанските медиуми, Арсенал ја одби идејата на мадридскиот клуб.

Да потсетиме, Реал долго време се обидува да го доведе Салиба, додека во исто време бара 100 милиони евра за Родриго, кој поради големата конкуренција во нападот би можел да го напушти клубот.

Најголем интерес за Бразилецот покажаа Арсенал и Манчестер Сити.

Фото: Принтскрин