Реал Мадрид се откажа од најголемата желба?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид повеќе нема да се бори за потписот на левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис.

Медиумите пишуваат дека Карло Анчелоти се откажал од Дејвис, а причина за тоа се добрите настапи на Ферлан Менди.

Освен Менди, во екипата е и Фран Гарсија, па поради тоа Дејвис повеќе не е приоритет за „кралевите“ ова лето.

Дејвис има договор со Баерн до следната сезона, а поранешниот германски шампион веќе некое време се обидува да му ја продолжи соработката, но преговорите засега се неуспешни.