Реал Мадрид се пласираше во осминафинале во ЛШ 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше против Шериф Тираспол со 3-0 и така си го обезбеди своето место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Давид Алаба беше стрелец на првиот гол за „кралевите“ во 30. минута, а водството на 2-0 го зголеми Тони Крос по асистенција на Родриго.

Шериф се покажа како незгоден противник и се закануваше кон голот на гостите, но не можеше да постигне гол затоа што Куртоа беше на висина на задачата, па Карим Бензема погоди за конечни 3-0.

Реал Мадрид со 12 бода е на првото место и има два бода повеќе од Интер, трет е Шериф со шест, а последен е Шахтјор со еден бод.