Реал Мадрид се подготвувал за промоција на Мбапе!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Марка“ пишува дека Реал Мадрид подготвувал видео-материјали за промоција на францускиот напаѓач Килијан Мбапе.

Вработени во шпанскиот гигант им откриле на новинарите на „Марка“ дека подготвувале видео-клипови и исечоци кои требало да ги користат за промоција на напаѓачот.

Ова не е првпат да се појават вакви шпекулации во јавноста за иднината на Мбапе, но сè погласни се во изминатите недели затоа што Французинот одби да потпише нов договор со клубот.

Мбапе има договор со тимот од Париз до јуни 2024 година, по што може бесплатно да замине во друг клуб.