Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лидерот во шпанскиот шампионат Реал Мадрид во следното коло ќе ја пречека Барселона, а мечот е закажан за 20 март од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ се во победничка серија, исто како и каталонскиот гигант, па нè очекува возбудлив фудбал, но проблем за тренерот Карло Анчелоти е тоа што има неколку повредени фудбалери.
Анчелоти не може да смета на мечот против Барселона на Родриго, Ферланд Менди и Едер Милитао, а дополнителна главоболка е повредата на Бензема.
Доколку Бензема не се врати за мечот против Барселона, тогаш тоа би бил голем проблем за Анчелоти бидејќи францускиот напаѓач игра во одлична форма во последниот период.