Реал Мадрид се соочува со сериозен проблем на трансфер-маркетот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со сериозен проблем на трансфер-маркетот, затоа што европскиот шампион не може да ангажира фудбалери кои немаат европски пасош.

Реал има дозвола за тројца фудбалери кои немаат европски пасош, а тоа се Милитао, Винисиус и Родриго, кои сигурно нема да заминат од клубот.

Овој проблем за „кралевите“ ќе постои до јануари, кога се очекува фудбалерите да земат шпански пасоши и да добијат двојни државјанства, по што ќе може Реал да тргне по нови засилувања.

Поради ова ќе отпадне и идејата за ангажирање на Габриел Жесус од Манчестер сити, затоа што напаѓачот има само бразилски пасош и не може да заигра за Реал Мадрид.