Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ерлинг Халанд си замина од Борусија Дортмунд, а германскиот бундеслигаш наскоро би можел да го продаде и Џуд Белингам, затоа што многу гиганти го сакаат Англичанецот.
Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Ливерпул се тимовите кои го сакаат 19-годишниот фудбалер, но нема да биде воопшто евтин неговиот трансфер.
„Билд“ објави дека Борусија нема да прифати понуди под 120 милиони евра, а Халанг го продадоа за двојно помалку пари, но сега откупната клаузула на Белингам е многу поголема.
Белингам пристигна во Борусија на 17-годишна возраст за 25 милиони евра од Бирмингем и веднаш стана важен дел од екипата, а досега одигра 89 меча, при што запиша 10 голови и 18 асистенции.