Реал Мадрид се вклучи во трката по потписот на Џеди Осман

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргна по потписот на Џеди Осман, кој најави дека се враќа во Европа.

Осман остана без договор со Сан Антонио спарс и реши да си замине од НБА-лигата, па така турскиот репрезентативец наскоро би можел да се пресели во Шпанија.

Интерес за услугите на Осман покажа и турскиот тим Анадолу Ефес кој наскоро ќе испрати понуда за неговиот потпис.