Реал Мадрид си најде замена за Варан во екипата на Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира да ангажира нов дефанзивец пред крајот на летниот преоден рок, а на листата со желби бил додаден Весли Фофана од Лестер сити.

Тренерот Карло Анчелоти е заинтересиран за услугите на 20-годишниот фудбалер, а проблем е само сумата која ја бара Лестер за услугите на дефанзивецот.

Лестер го проценува Фофана на 80 милиони евра, но Реал не сака да го купи додека не ја реши ситуацијата со Килијан Мбапе од ПСЖ.

Проблем за „кралевите“ за следната сезона е тоа што веќе си заминаа двајца класични дефанзивци, односно две легенди на тимот, Серхио Рамос и Рафаел Варан.

Рамос како слободен фудбалер го засили ПСЖ, додека Варан потпиша за Манчестер јунајтед.