Реал Мадрид скапо ја плати убедливата победа против Осасуна


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше против Осасуна со 4-0 во 13. коло од шпанската Ла Лига, но победата ја плати скапо затоа што се повреди Едер Милитао.

Милитао мораше да го напушти теренот поради повреда, а медицинските прегледи покажаа дека ќе паузира до крајот на годината.

Прегледите покажаа дека Милитао ги скинал лигаментите на левото колено, а тоа значи дека го чека долга пауза.

Милитао на 13 август минатата година имаше идентична повреда, односно ги скина лигаментите на левото колено поради што паузираше до март годинава.