Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Реал Мадрид одамна е заинтересирано за француската ѕвезда Килијан Мбапе, кој игра фантастично во дресот на ПСЖ, па според некои шпекулации беа подготвени и да го урнат светскиот трансфер-рекорд, кој го има Нејмар и изнесува 222 милиони евра.
„Кралевите“, наводно, се подготвен да платат дури 300 милиони евра за услугите на фудбалерот, но ПСЖ не сака да се откаже од својот млад напаѓач, кој сигурно ќе биде уште подобар во иднина.
Сепак, во Реал Мадрид не се одмара, а тоа го покажува и новиот план со кој ќе се обидат да го ангажираат Мбапе.
Претседателот на клубот Флорентино Перез планира да го ангажира најпрво братот на напаѓачот на ПСЖ, Етан кој игра за младинскиот тим на францускиот шампион.
Доколку успее да го обезбеди неговиот потпис, тогаш сигурно ќе бидат барем чекор поблиску да го добијат и неговиот брат Килијан.