Реал Мадрид со минимална победа против Реал Валјадолид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Балјадолид со 1:0 во натпревар од четвртото коло од Ла Лига.

Актуелниот шампион до вториот триумф во сезоната стигна со голот на Винисиус Жуниор кој падна во 65. минута.

Бразилецот седум минути претходно го замени Лука Јовиќ кој втор пат по ред добива шанса од првата минута од Зинедин Зидан.

Јовиќ, кој веројатно ќе си замине од клубот како позајмен фудбалер остави добар впечаток во неполниот час кој го помина на теренот.

Што се однесува до сите избраници  на Зинедин Зидан, тие воопшто не блескаа на овој натпревар, но на крај запишаа важна победа.