Реал Мадрид со нов спектакуларен трансфер: „Кралевите“ ќе го грабнат најталентираниот Португалец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Марка“ пишува дека Реал Мадрид е решен да го ангажира талентираниот Португалец, Жоао Феликс, кој во претходниот перод се поврзуваше со многу европски гиганти, а наводно шпанскиот гигант за неговите услуги ќе мора да плати 130 милиони евра.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е подготвен да плати 80 милиони евра веднаш и 50 милиони евра преку бонуси.

Таа цифра ќе ја надмине и клаузулата во договорот на фудбалерот, која изнесува 120 милиони евра, но засега нема информација дали португалскиот гигант ќе ја прифати понудата на „кралевите“.

Претходно се шпекулираше дека Феликс, наводно, му дал предност на Атлетико Марид, но останува да видиме летово каде ќе ја продолжи кариерата.

Феликс минатата сезона постигна 15 гола и девет асистенции за португалскиот клуб во домашното првенство.