Реал Мадрид со три мега засилувања сака да создаде страшен тим


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез веќе мисли на иднината и сака да реализира три трансфери со кои гигантот ќе го направи уште посилен во следните години.

Перез планира да купи двајца фудбалери од Манчестер сити, а тоа се Жоао Кансело кој треба да стигне следното лето и Ерлинг Халанд, кој треба да биде ангажиран во јуни 2024 година.

„Кралевите“ долго време го следат Кансело, па сега Перез конечно се надева дека може да го добие неговиот потпис и планира за трансферот да плати околу 40 милиони евра.

Халанд има откупна клаузула која ќе важи од 2024 година, а истата изнесува 180 милиони евра, па така шпанскиот гигант ќе треба да потроши повеќе пари за него.

Третото засилување треба да биде Џуд Белингам, како што беше претходно најавено.