Реал Мадрид спасува талентиран фудбалер од кошмарот во Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го купи Дони Ван де Бек од Ајакс како еден од натајлентирани фудбалери на одличната генерација на холандскиот тим, но момчето не доби голема шанса на „Олд Трафорд“ да покаже што знае.

Шпанските медиуми сега најавуваат трансфер на Ван де Бек во Реал Мадрид, кој и минатата сезона сакаше да го купи одличниот фудбалер, но тогаш Манчестер јунајтед го доби неговиот потпис.

Новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти знае што сака, а на листата со желби се наоѓа Ван де Бек, кој не доби шанса кај Оле Гунар Солскјер.

Засега не е познато колку пари е подготвен Реал да понуди за фудбалерот, но се шпекулира дека договорот со Јунајтед ќе биде за позајмица со можност за откуп.