Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Реал Мадрид многу ќе го менува составот ова лето, а шпански „АС“ објави листа од седум фудбалери, кои ќе бидат продадени летово.
Станува збор за Рафаел Варан, Лука Јовиќ, Марсело, Иско, Мариано, Одриозола и Себајлос, а „кралевите“ очекуваат да заработат 200 милиони евра од овие фудбалери.
Вистинска енигма е Јовиќ, кој беше платен 60 милиони евра, но никогаш не покажа зошто беше купен од „кралевите“.
„Го сакам Ајнтрахт, тоа е посебен клуб за мене, но сепак се враќам во Мадрид на крајот на сезоната“, кажа Јовиќ неодамна.
Како засилувања за екипата на „кралевите“ се споменуваат Килијан Мбапе од ПСЖ, како и Давид Алаба од Баерн Минхен.