Реал Мадрид треба да купи напаѓач од 60 милиони евра идното лето

Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја губи битката со Барселона за титулата во Ла Лига, па стана јасно дека му се потребни засилувања идното лето.

Една од позициите на кои е потребен нов фудбалер е нападот затоа што Карим Бензема оваа сезона не е во форма и тоа може да се забележи по резултатите на екипата.

Реал Мадрид мора да купи напаѓач, а една од опциите е Џонатан Дејвид од Лил, кој постигна 21 гол и четири асистенции за 30 меча за Лил.

Овој 23-годишен напаѓач ќе чини околу 60 милиони евра, а сега на потег е „кралскиот клуб“, кој покажа интерес и за Ерлинг Халанд, Хари Кејн, Душан Влаховиќ и Виктор Осимен.