Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Реал Мадрид повторно покажува дека сериозно инвестира во иднината, а најновите информации говорат за голем интерес кон младиот бразилски талент Рајан од Васко да Гама.
Според шпанските медиуми, кралскиот клуб се подготвува со прва понуда тежка дури 50 милиони евра.
Таквата сума јасно покажува колку Реал Мадрид верува во потенцијалот на младиот фудбалер.
Рајан во Бразил веќе се опишува како едно од најголемите “чудо од дете” во последните неколку години.
Во дресот на Васко привлече внимание од скаутите на многубројни европски великани со своите технички способности и зрелост во играта.
















