Реал Мадрид тргнува по братот на Џуд Белингам


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Џуд Белингем од Реал (21) е еден од најдобрите фудбалери во светот. Неверојатниот офанзивен играч за врска според Трансфермаркт вреди 180 милиони евра, а со Реал минатата сезона ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. За мадридскиот клуб досега има 90 настапи, 36 гола и 26 асистенции, а за Англија во 42 настапи има шест гола.

Според пишувањата на шпанската Марка, Џуд наскоро можеби нема да биде единствениот Белингем во Реал. Кралскиот клуб од Мадрид сака да го доведе неговиот 19-годишен брат Џоб, играч за врска кој игра за Сандерленд во Чемпионшип, втората англиска лига која многумина ја сметаат за најтешка во светот.

Џоб Белингем оваа сезона има три гола и четири асистенции во 39 лигашки натпревари за Сандерленд. Значајно е што во април беше официјално прогласен за најдобар млад играч во толку предизвикувачка лига, а близу до тоа беше и минатата сезона кога постигна седум гола.

Фото: Принтскрин