Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Евертон планира повторно да пазарува во Мадрид, а овој пат е заинтересиран за Иско, кој не добива шанса кај тренерот Зинедин Зидан.
Евертон во минатиот преоден рок го ангажираше Хамес Родригез, кој се покажа солидно во дресот на „карамелите“, а сега тренерот Карло Анчелоти сака уште еден фудбалер од неговиот поранешен тим.
„Кралевите“, наводно, се подготвени да прифатат понуда за Иско од 20 милиони фунти, а таа сума не би требала да биде никаков проблем за премиерлигашот.
Иско сезонава заигра на шест натпревари во Ла Лига за Реал Мадрид, но само на три натпревари беше стартер, додека во Лигата на шампиони не доби ниту минута на теренот.
шпанецот има договор со тимот од Мадрид до 2022 година, па Реал ќе има можност да заработи барем нешто на негов трансфер во јануари.