Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе пред неколку дена ја реши сагата за неговата иднина која траеше со месеци, па реши да потпише нов договор до 2025 година со ПСЖ, а тоа ги разочара навивачите на Реал Мадрид.
Новинарот Томас Гонзалес-Мартин објави дека Мбапе се договорил со „кралевите“ уште минатото лето, но тогаш ПСЖ ја одби понудата од шпанскиот шампион.
Французинот се согласил да се пресели во Мадрид, а за потпис на договор требало да добие 40 милиони евра.
„Не сум изненаден од тоа што се случи. Да ме прашавте пред две недели, ќе ви кажев дека работата е завршена. Мбапе доби аванс од 40 милиони евра од неговиот бонус за потпишување на договор уште во декември минатата година. Сепак, тој не можеше да одолее на понудата од 300 милиони евра во бонуси од Париз“, вели новинарот.